Утрински Весник
Свет

Јорданскиот министер за здравство поднесе оставка поради смртта на осум заразени со Ковид-19

Јорданскиот министер за здравство поднесе оставка поради смртта на осум заразени со Ковид-19

Министерот за здравство на Јордан поднесе оставка откако најмалку шест пациенти починаа на одделот за борба против коронавирус во болница поради недостаток на кислород, пренесуваат државните медиуми.

Пациентите починале во болниците во градот Салт, по што премиерот наредил истрага и побарал министерот за здравство, Натир Обедијат, да си даде оставка.

Државните медиуми потврдуваат дека оставката е поднесена.

Јордан, дом на десет милиони луѓе, се соочи со нагло зголемување на бројот на заразени и починати од коронавирусот и се бори да добие вакцини, пишуваат тамошните медиуми.

Повеќе од 465 000 случаи на зарзени со коронавирус се регистрирани во Јордан за време на пандемијата, а повеќе од 5200 се починати, анализираат медиумите.

ЕУ издвои осум милиони евра за да му помогне на Јордан во набавката на вакцините.

Втората пратка од „Ковакс“ се очекува во април.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд