По долг период, во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони ќе ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо, поточно двата тима каде што настапуваат овие две големи фудбалски ѕвезди не обезбедија пласман меѓу осумте најдобри.
Екс-фудбалерот на Барса, Бразилецот Ривалдо со свој став за ваквиот раритетен момент.
„Како и се во животот, времето го зема данокот и во фудбалот, а фактот што ни Меси ни Роналдо ќе ги нема во четвртфиналето во ЛШ првпат по 2005 година потврдува дека талентот на ниеден играч не е бесзсмртен. И двајцата сега се над 30 години, ќе им биде тешко да имаат пресудна улога како досега“ – смета Бразилецот.
Ривалдо го пофали младиот играч на Борусија (Д), Ерлинг Халанд, но не го заборави ниту Мбапе.
„Младите таленти почнуваат да се појавуваат на насловните страници. Морам тука да го истакнам Ерлинг Халанд кој оваа сезона игра добро во Борусија. Во блиска иднина ќе стане кандидат за Златна топка, а истото можам да го кажам и за Килијан Мбапе, кој речиси сам ја елиминираше Барселона, покажувајќи неверојатен учинок на `Ноу Камп`. Сега неговата сила повторно ќе се почувствува во завршната фаза на натпреварувањето“ рече Ривалдо.
> Ривалдо: Времето го зема данокот и во фудбалот! <