Утрински Весник
Свет

Во Франција најмногу пациенти од Ковид-19 на интензивна нега

Во Франција најмногу пациенти од Ковид-19 на интензивна нега

Франција ја надмина бројката од четири милиони заразени од коронавирус, објави француското Министерство за здравство.

Бројот на потврдени заразени случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата се искачи на 4,01 милиони, истакнуваат од оваа институција.

Франција е шеста во светот по бројот на заразени, веднаш зад Велика Британија, која има повеќе од 4,24 милиони потврдени пациенти заразени од Ковид-19, анализираат француските агенции.

Во Франција 4.033 пациенти со Ковид-19 се на интензивна нега и оваа бројка е досега најголема од 26 ноември минатата година, велат надлежните.

Додаваат дека вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата, вклучително и смртни случаи во домовите за стари лица, надмина 90.000.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници