Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ексиграчот на Ливерпул, Марк Гонзалез добил срцев напад на 36 години!

Ексиграчот на Ливерпул, Марк Гонзалез добил срцев напад на 36 години!
300x250 opst2

Поранешниот играч на Ливерпул, Чилеанецот Марк Гонзалез се опоравува во болница по срцевиот удар на само 36 години, јавуваат локалните медиуми.

Според шпанскиот „АС“, сопругата на Гонзалез, Маура Ривера ги открила лошите вести преку нејзиниот Инстаграм акаунт.

„Мојата љубов, мојот вечен патник ми даде вистински шок. Последните неколку ноќи беа ужасни. Несигурни денови полни со страв. Пишувам до тебе бидејќи си уште со нас и малку подобро, и тоа не прави радосни. Животот може да не изненади во секој момент“, напиша Ривера.

Гонзалез потпиша за Ливерпул во октомври 2005 година, но клубот не успеа да обезбеди работна дозвола и тој беше позајмен на Реал Сосиедад. Следната сезона тој се врати во Ливерпул и имаше 36 настапи и 3 гола пред да биде продаден на Реал Бетис во 2007. По ова тој играше и во ЦСКА Москва пет години пред да се врати во Чиле, и да се пензионира во 2019 година.

> Ексиграчот на Ливерпул, Марк Гонзалез добил срцев напад на 36 години! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент