Утрински Весник
Магазин

Викенд во иднина ќе ги бојкотира Греми-наградите

Викенд во иднина ќе ги бојкотира Греми-наградите
Img 7972

Викенд соопшти дека тој ќе ги бојкотира идните Греми-награди откако беше изоставен за номинации за оваа година.

Канадската поп-sвезда, чиј сингл Blinding Lights беше најпродаван во светот минатата година, не се најде во потесниот избор за ниту една награда.

Тој подоцна недостигот на признание го оквалификува како „напад“.

Во новата изјава во пресрет на церемонијата во недела, пејачот рече: „Повеќе нема да дозволам мојата издавачка куќа да ја доставува мојата музика до Греми“.

Тој рече дека ќе остане отсутен од настанот “сè додека Рекординг академијата не се ослободи од тајните одбори кои одлучуваат за многу од номинациите“.

Американската „Рекординг академија“ – составена од музичари, продуценти и други музички професионалци – секоја година доделува награди „Греми“ за достигнувања во музичката индустрија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Есента пристигна, време е да се зајакне имунитетот

Пита со спанаќ и сирење

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето