Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 823 новозаразени со коронавирус, 12 починати

Во Хрватска 823 новозаразени со коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа евидентирани се 823 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а тестирани се 5.945 лица. Бројот на активни случаи во Хрватска денес е 4.522.

Меѓу нив, 811 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 78 се на апарати за дишење. Починале 12 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, вкупно 249.661 лице се заразени со новиот коронавирус, од кои 5.647 починале, вкупно оздравеле 239.492 лица, од кои 578 во последните 24 часа. До денес се тестирани вкупно 1.416.328 лица. Во моментов има 17.012 лица во самоизолација.

Бројките значат дека учеството на новозаразените меѓу тестираните денес е речиси 14 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Летонија со повик до НАТО да ја засили воздушната одбрана на балтичките држави

Трамп праќа војска и во Портланд; „Под опсада е од терористи и од Антифа“

Лавров: Секоја агресија врз Русија ќе биде дочекана со решителен одговор