Утрински Весник
Свет

ЕУ започна со проценка на лекот за кој се тврди дека ја намалува смртноста од корона за 87 отсто

ЕУ започна со проценка на лекот за кој се тврди дека ја намалува смртноста од корона за 87 отсто

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека започнала постапка за проценка на документацијата за лекот против Ковид-19 од американската фармацевтска компанија „Ели Лили“, кој претставува коктел од антитела, откако претходно ја одобри неговата употреба кај пациенти со висок ризик од сериозен облик на болеста.

Лекот содржи бамланивимаб и етезевимаб, моноклонални антитела кои се однесуваат како природни антитела што ги произведува организмот за борба против инфекции.

Станува збор за новитет во низата лекови базирани на антитела што се разгледуваат во Европа, по оние на „Целтрион“ (Јужна Кореја) и „Регенерон“ (САД).

Постепеното оценување на документацијата има за цел да го забрза процесот за одобрување на лекот, дозволувајќи им на научниците да ги доставуваат резултатите од клиничките испитувања како што завршуваат, без да се чека крајот во сите сфери.

„Вир бајотехнолоџи“ и британскиот ГСК денеска објавија дека наскоро планираат да побараат одобрување и за нивната експериментална терапија со антитела.

Европската агенција за лекови досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер“ / „Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“ / „Оксфорд“. Одлука за вакцината изработена од „Џонсон енд Џонсон“ се очекува во текот на денот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку едно лице загина во ураганот „Кирк“ што ја погоди Франција

Активисти залепија фотографија на мајка и дете од Газа на слика на Пикасо во Лондон

Најмалку 27 торнада пријавени на Флорида, три милиони домови без струја