Утрински Весник
Свет

Болничкиот систем во Австрија оптоварен, предупредуваат експертите

Болничкиот систем во Австрија оптоварен, предупредуваат експертите

Во Австрија, бројот на нови случаи на коронавирус постојано расте, и ова повторно може да доведе до оптоварување на болниците. Експертите велат дека веќе следната недела би можел да се зголеми дневниот број на новоинфицирани со Ковид-19.

Главната причина за зголемувањето на бројот на нови случаи како што истакнуваат експертите се нови видови на коронавирусот.

Кога станува збор за капацитетите на болниците, експертите посочуваат дека за две недели во болниците ќе мора да бидат сместени поголем број на пациенти.

Во Виена, капацитетите на болниците може да бидат полни, што претставува посебен товар за здравствениот систем, велат тие.

И во Украина рекордно голем број пациенти биле пренесени во болница со симптоми на ковид-19 во последните 24 часа, според податоците на министерството за здравство.

Рекордни 8.312 нови случаи на коронавирус биле пријавени и во Унгарија, додека 172 лица починале како резултат на Ковид-19.

Како што е наведено на владината веб-страница за следење на епидемијата, во моментот има 8.329 пациенти во болниците, од кои 911 се на респиратор, поради што здравствениот систем е под притисок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени

Познат идентитетот на Македонецот од Струмица убиен во Боливија

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп