Утрински Весник
Македонија

Антикорупциската комисија отвори предмет за софтверот набавен од Рашковски

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски потрошил пари за софтвер кој МВР не го користи

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, рече дека сметаат оти има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, како и зошто тој се’ уште не е во употреба.

Во согласност со процедурата, прдеметот ќе биде распореден на еден од членовите и тој понатаму ќе ги бара сите потребни информации за утврдување на состојбите.

Вицепремиерот Љупчо Николовски најави дека Владата ќе ги соопшти сите детали, факти и аргументи за целокупениот случај.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт