Утрински Весник
Македонија

Груби и Абазовиќ размениле предлози за поинтензивна регионална соработка

Груби и Абазовиќ размениле предлози за поинтензивна регионална соработка

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, денеска беше домаќин на вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Како што наведуваат од ресорното министерство, Груби и Абазовиќ оцениле дека двете земји немаат отворени спорови,
а економската соработка треба да се зголеми на повисоко ниво бидејќи сите земји во светот се соочуваат со економски и здравствени предизвици поради пандемијата.

„Разговаравме за економската соработка и одржување на заеднички состанок меѓу нашите две влади и исто така разговаравме за создавање на Форум на вицепремиери на земјите од Западен Балкан што сакаме да го спроведеме по сите изборни процеси. Му благодарам за целата поддршка, посета и подготвеност за наша заедничка соработка“, рече првиот вицепремиер Груби на прес-конференцијата по состанокот.

Голема благодарност за гостопримството изрази и вицепремиерот на Црна Гора, Абазовиќ, кој посочи дека двете земји ќе продолжат со соработката во повеќе области, вклучително економската и во однос на здравствената состојба, притоа поканувајќи го Груби на официјална посета во Подгорица.

„Мислам дека идејата што Груби ја претстави сигурно може да се реализира, во однос вицепремиерите да направат заеднички Форум. Треба да покажеме солидарност и да создадеме можности за сите балкански земји да бидат поуспешни на патот кон ЕУ, верувам дека некои либерални политики можаат да бидат присутни во иднина“, рече Абазовиќ на прес-конференцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор