Утрински Весник
Македонија

Заев прими благодарница од БиХ за помошта на два града погодени од земјотрес

Заев прими благодарница од БиХ за помошта на два града погодени од земјотрес

Премиерот Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина во нашата земја Драган Јаќимовиќ.

Aмбасадорот Јаќимовиќ, во име на Амбасадата на Босна и Херцеговина на премиерот Заев му врачи благодарница за финансиската поддршката што Владата на Република Северна Македонија ја даде на двата града Козарска Дубица и Костајница, во Република Српска, Босна и Херцеговина, кои неодамна беа силно погодени од бројните земјотреси.

На средбата заеднички било констатирано дека односите меѓу двете земји се одлични, и дека меѓусебната поддршка и солидарност се симбол на големото пријателство помеѓу двете држави.

Била изразена подготвеност за унапредување на економската и билатералната соработката меѓу двете држави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Бараме затворена седница, ВМРО-ДПМНЕ мора да понуди решение за ЕУ интеграцијата

Средба на Мицкоски со Зеленски во Дубровник

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од ден на ден тоне во своите лаги, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД