Утрински Весник
Свет

Србија подготви дигитален сертификат за вакцинација

Србија подготви дигитален сертификат за вакцинација

Во пресрет на попрецизни упатства на ЕУ, Србија веќе подготви дигитален сертификат за вакцинација што ќе го олесни движењето и патувањето надвор од земјата, рече српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ.

Таа изјави за Радио телевизијата на Србија (РТС) дека одредени земји, вклучувајќи ги Грција, Израел и Словенија, веќе се заинтересирани за преговори за признавање на сертификатите.

Матиќ рече дека не станува збор за т.н. ковид – пасош, туку за друг вид документ.

„Тоа е друг вид документ. ЕУ се повлече од тоа, бидејќи содржеше и број на пасош и некои податоци на кои не им беше местото таму. Дигиталниот сертификат кажува кога сте биле вакцинирани или сте го прележале вирусот или сте направиле ПЦР-тест и сте негативни“, објасни Матиќ за РТС, наведувајќи дека се очекува ЕУ да обезбеди попрецизни информации за изгледот и методот на издавање на сертификатот.

Една опција, рече таа, е дигиталниот сертификат да постои во форма на апликација за мобилен телефон, со потребните проверки и безбедносна верификација.

Во исто време, Матиќ рече дека граѓаните мора да разберат дека клучот за слободно движење и патување е масовната и брза вакцинација.

Во Србија се дадени 1.704.790 дози вакцини од крајот на декември минатата година, додека 623.424 примиле по две дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Изборите во САД ќе чинат 15,9 милијарди долари