Утрински Весник
Магазин

Палатата го прекина молкот за интервјуто на Меган и Хари

Палатата го прекина молкот за интервјуто на Меган и Хари

Бакингемската палата соопшти дека прашањата покренати во интервјуто со принцот Хари и Меган, „особено тие за раса, се загрижувачки“, пренесува „Њујорк тајмс“ и додава дека Пирс Морган, ТВ-водител кој рече дека не верува во ниту еден збор од интервјуто, поднесе оставка.

Бакингемската палата во вторникот го прекина молкот од речиси 48 часа во врска со фамозното интервју тна Опра со принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс.

Во соопштението се наведува дека целото кралско семејство е тажно и загрижено за прашањето за расизам што го покрена парот.

Тврдењата дека еден член на кралското семејство изразил загриженост во врска со бојата на кожата на синот на двојката, Арчи, и дека очајната Меган размислувала за самоубиство, доминира во националната дискусија во Велика Британија, каде интервјуто со Опра Винфри беше емитувано во понеделникот вечерта, пишува „Њујорк тајмс“.

Во вторникот, Пирс Морган, водител на емисијата Good Morning Britain на „Ај-ти-ви њуз“, кој беше остро критикуван затоа што рече дека не верува ниту еден збор од интервјуто, поднесе оставка, соопшти мрежата. Британскиот регулатор за комуникации добил повеќе од 41. 000 поплаки за неговиот коментар, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста

ОВАА ЛУТЕНИЦА ГИ ЗАСЕНИ СИТЕ ДРУГИ РЕЦЕПТИ: Уште првиот ден се изедоа неколку тегли