Утрински Весник
Економија

(Видео) Колева: Раст на извозот од 15,5 отсто во јануари

(Видео) Колева: Раст на извозот од 15,5 отсто во јануари

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година бележи пораст од 15,5 отсто во однос на истиот период од 2020 година, соопшти Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Истовремено, додаде таа, во овој месец забележана е досега највисоката покриеност на увозот со извоз со стапка од 84,7 отсто.

„Според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија во јануари оваа година најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција. Овие податоци се дополнителен поттик за македонската економија и враќање на претходните стапки на економски раст. Ова, е дополнителен мотив поддршката за домашното стопанство да продолжи и дополнително да се интензивира“, рече Колева.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ИСТРАЖУВАЊЕ НА EOS МАТРИХ ОТКРИВА: Расте бројот на лица на кои им е потребна поддршка за да ги исплатат долговите

Од полноќ поевтин бензин и поскап дизел

Развојните банки обединуваат сили за критичните суровини: поддршка од ископ до рециклирање