Утрински Весник
Политички Партии

Јанушев: Власта одбива електронски отисок на прст зошто спрема кражба на изборите

Јанушев: Власта одбива електронски отисок на прст зошто спрема кражба на изборите

 

Власта одбива електронски отисок на прст зошто спрема кражба на изборите, обвини Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека во изминатиот период се воделе интензивни преговори меѓу работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел да се надминат проблемите кои, како што вели Јанушев, ги наметнала владината коалиција во врска со законската обврска за користење на fingerprint уреди за претстојните избори.

„И покрај сите напори, отстапки, и пред сѐ волја од страна на ВМРО-ДПМНЕ да овозможиме да се користат fingerprint уредите за локалните избори и да нема повеќе ‘брзи прсти’, владината коалиција на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги опструира преговорите и не сака да овозможи имплементација на овие, повторувам, законски обврски, кои се на сила повеќе од една година“, рече Јанушев.

Тој упати апел до меѓународната заедница да реагира, да не седи со скрстени раце и да изврши притисок до власта за да го почитува она што е напишано во закон.

„Не бараме ниту повеќе, ниту помалку. Само да се испочитува она што е напишано во закон и да се обезбеди електронски отисок на прст за да нема дупли гласања, бугарски возови и кражба на изборите. Има 7 месеци до изборите, и доволно време за да реагира и меѓународната заедница. Одговорноста е и на меѓународниот фактор. Нема да дозволиме најкорумпираната влада во Европа да организира уште едни талибански избори“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Целосната одговорност, додава тој, е на Владата и институциите предводени од коалицијата СДСМ и ДУИ и ваквиот тенденциозен обид за изигрување на законот, освен низ призмата на подготовка на брутална пљачка на локалните избори не може да биде толкувана на ниту еден друг начин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт