Утрински Весник
Свет

Eкспертите предупредуваат: Пандемијата ќе се продолжи за уште 7 години, ако се вакцинираат само богатите земји

Eкспертите предупредуваат: Пандемијата ќе се продолжи за уште 7 години, ако се вакцинираат само богатите земји

Вакцините против коронавирусот најчесто се даваат на луѓе од најбогатите земји во светот, а доколку продолжи овој тренд, пандемијата може да трае со години, предупредуваат здравствените експерти од американскиот универзитет Дјук.

Според податоците на ООН, 191 милион луѓе ја примиле вакцината до средината на февруари, но повеќе од три четвртини од нив се жители на само 10 земји.

Во истиот период, ниту една личност не е вакцинирана во 130 земји во светот, каде што живеат околу две и пол милијарди луѓе, според порталот „Сајенс алерт“.

Гевин Џеми, експерт за јавно здравје и професор на американскиот универзитет „Дјук“, ги повикува богатите земји да престанат да трупаат вакцини против Ковид-19 само за своите граѓани.

Во коментар објавен во престижниот магазин „Нејчр“, тој рече дека „вакцинскиот национализам е себичен и самоубивачки.

Научниците предупредуваат дека ако богатите земји продолжат да се однесуваат како сега, пандемијата може да се одолговлекува уште седум години.

Во глобалното здравство постои верување дека пандемијата каде било во светот може да резултира со епидемија – насекаде.

„Затоа е во интерес на сите нас да започнеме со дистрибуција на дози на сите, бидејќи само така ќе гарантираме глобално снабдување со вакцини“, наведува магазинот „Нејчр“.

Постојат различни начини на кои може да се гарантира еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 за сите во светот, притоа инвестирајќи и остварувајќи профит, се наведува.

Склучувањето договори помеѓу производителите и богатите земји може да придонесе за ширење на глобалното снабдувањеа и да овозможи производство на вакцини и на други места во светот.

Новиот глобален пристап кон ковид-19 наречен „Ковакс“ сметаат научниците дека е добар пример што може да ги „одржи луѓето во живот“ во времиња без преседан.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија