Утрински Весник
Свет

(Видео) Ерупција на вулканот Етна, осум села покриени со пепел и камења

(Видео) Ерупција на вулканот Етна, осум села покриени со пепел и камења

Спектакуларен портокалов облак од пепел и лава се крена над сицилијанските села минатата ноќ по ерупцијата на Етна.

Ова е 10-та голема ерупција на Етна од 16 февруари, кога повторно избувна најактивниот европски вулкан.

Столб од чад и пепел се крена на висина од 10.000 метри, а осум околни села се покриени со пепел и камења, додека топла лава се слеваше по падините на југоисточниот кратер кон ненаселената област, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (ИНГВ), објави АП.

Извештаите наведуваат дека нема жртви, нема сериозни материјални штети, а во соопштението на ИНГВ се вели дека ветровите ги носеле облаците од пепел понатаму на исток и дека кратко време по ерупцијата биле регистрирани нови земјотреси.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години