Од денес, кафулињата и рестораните во два региона, во Посавје и на југоисток од Словенија, ќе можат да работат нормално во пробен период што ќе трае седум дена.
Словенија е во портокалово ниво на ограничувачки мерки, но овие два региона минатата недела, поради падот на бројот на заразени, преминаа во поблага, жолта зона, во која на кафулињата и на рестораните им е дозволено да обезбедуваат услуги на отворено, пренесе агенцијата СТА.
Гостите ќе можат да се опслужуваат од 06:00 до 19:00 часот и ќе треба да ги напуштат објектите до 19:30 часот.
Доколку бројот на заразени се зголеми или инспекцијата утврди кршење на мерките, владата повторно ќе ги затвори кафулињата и рестораните.
Муштериите ќе мора да носат маски, освен кога седат на маса, кога пијат или јадат, а вработените нема да можат да ги симнуваат заштитните маски на работа и ќе мора да се тестираат за ковид еднаш неделно.
Лицата кои биле превакцинирани и поранешни ковид-пациенти се ослободени од правилата за тестирање.
Денеска ќе бидат отворени и средните училишта, така што едната група ученици ќе доаѓаат во образовните институции, другата половина ќе следи часови на интернет од дома и тоа ќе се менува, при што група ученици кои одат на училиште треба да носат заштитни маски.
Државата ќе започне да ги вакцинира наставниците постари од 50 години, но тие ќе мора да се тестираат еднаш неделно.