Утрински Весник
Култура

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“) се петте романи што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности.

Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“, која се доделува под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД; Скопје, следниот понеделник.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22-ри пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Текстот Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“