Утрински Весник
Спорт

Федерер бркањето рекорди им го остава на Новак и Рафа, тој е среќен само да игра

Федерер бркањето рекорди им го остава на Новак и Рафа, тој е среќен само да игра

Роџер Федерер вели дека пензионирањето воопшто не му паднало на памет за време на долгата пауза од една година од тенисот по повредата на коленото, и вели дека е подготвен за камбекот во Катар и дека „приказната уште не е завршена“.

„Имам чувство дека приказната не е завршена. Среќен сум што се вратив на турнирите повторно, бидејќи навистина помина долго време. Не помислував дека толку долго ќе трае“, вели Федерер

39-годишниот освојувач на 20 гренд слем турнири, мораше да оди на две операции на коленото, но вели дека е сигурен дека за време на Вимблдон ќе се врати „100 отсто“.

„Пензионирањето? Мислам дека тоа ќе биде тема на разговор ако коленото ме мачи со месеци. Можеби на есен ќе размислуваме. Сега, приказната не е готова. Нема дополнителна причина поради која одлучив да продолжам од тенисот освен таа што уживам во играњето. Сега сакам да играм против најдобрите и да се натпреварувам. Во моментов сигурно не сум во најдобра форма, но за Вимблдон ќе бидам 100 отсто подготвен. Тоа е вистинскиот старт на сезоната за мене“, вели Федерер.

Тој вели дека не е загрижен што првпат по пет години падна од топ 5 на АТП листата, ниту со тоа што Рафаел Надал се израмни со 20 гренд слем титули, а Новак Ѓоковиќ дојде на 18.

„Повеќе се грижам за мојата форма и здравјето отколку за рекордите. Во моментов таа трка по титули можеби име поважна на Рафа и Новак. За мене беше важно да се израмнам со Пит Сампрас и да го поминам. Секако, сите сакаат да ги заддржат рекордите, но тие се тука да ги рушат“, објаснува „Маестро“.

> Федерер бркањето рекорди им го остава на Новак и Рафа, тој е среќен само да игра <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос