Утрински Весник
Македонија

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората.

Оттаму велат дека бројот на попишани расте секој ден, а иселениците можат да се самопопишат до 21 април.

„ Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено“ додаваат од ДЗС.

Ги охрабруваат и мотивираат иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Евакуиран тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Мицкоски и Рама на промоција на „One Stop Shop“ на Ќафасан

Променливо облачно време со сончеви периоди, од понеделник заладување