Утрински Весник
Свет

Папата пристигна во Мосул

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско пристигна денеска во северен Ирак во Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката Исламска држава.

Тој ќе одржи миса на отворено на последниот ден од првата посета на Папата на оваа југозападна азиска земја.

Ватикан се надева дека посетата ќе ги охрабри христијаните да останат во Ирак, и покрај децениските конфликти и нестабилност.

Папата испрати порака за меѓуверска толеранција до муслиманските лидери, вклучително и историска средба со ирачкиот шиитски верски водач, ајатолахот Али ал-Систани.

Мосул, градот во кој се наоѓа папата, беше сериозно оштетен за време на војната со Исламската држава, а поглаварот на Римокатоличката црква ќе се моли за сите жртви на војната во Ирак.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд

Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен

САД ќе обезбедат гаранција за кредит од 4 милијарди долари за Полска за купување американска воена опрема