Утрински Весник
Свет

СЗО: Целосниот извештај за потеклото на Ковид-19 на крај на март

СЗО: Целосниот извештај  за потеклото на Ковид-19 на крај на март

Светската здравствена организација се откажа од плановите за објавување на првите резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина и најави целосен извештај за втората половина на март, објавуваат светските медиуми.

„Наместо прелиминарен извештај, целиот извештај ќе биде презентиран следната недела на 14 март, рече водачот на тимот Петер Ембарек во Женева.

Ембарек предводеше група од десетина други научници избрани од Светската здравствена организација да ги посетат болниците и истражувачките институти во Вухан во централна Кина, каде што за прв пат беше идентификуван новиот коронавирус, за да го откријат потеклото на Ковид-19.

Но агенциите пишуваат дека СЗО денеска не ги наведе причините за промена на планот за објавување на резултатите.

Според анализите на светските агенции мисијата се најде на удар на критичарите .

Самите членови на тимот изјавија дека Кина не сака да споделува клучни податоци што може да сугерираат дека болеста се шири со месеци пред да биде препознаена.

Група од 26 научници објавија отворено писмо во кое се наведува дека мисијата на СЗО „нема мандат, независност или неопходен пристап да спроведе целосна, непречена истрага“ за теориите за потеклото на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд