Таа стана славна личност благодарение на популарното реалити-шоу The City („Градот“) кое започна да се емитува на „Ем-ти-ви“ во 2008 година.
И повеќе од една деценија подоцна, Оливија Палермо таа слава ја искористи како моден инфлуенсер и популарна блогерка која поставува модни трендови.
Во четвртокот таа беше забележана како ги покажува своите модни акредитиви на секојдневна прошетка во Њујорк во џемпер во боја на камила и син капут – урбана и гламурозна икона на стилот – коментираат таблоидите.
Каде и да оди, на прошетка или на модна свеченост, таа секогаш изгледа беспрекорно.
Модната инфлуенсерка (35) која ја нарекуваат модна икона на денешницата, е оснивачка на групацијата „Оливија Палермо“.
Палермо е едно од најфотографираните лица во светот на модата и важи за трендсетерка чиј стил го копираат илјадници девојки од целиот свет.
Има над 6.5 милиони следачи на социјалните мрежи и редовно објавува тренди облека, дизајнерски креации и лајфстајл-производи. Нејзиниот моден стил одушевува поради урбаната елеганција и умешното спојување на различни стилови.