Утрински Весник
Свет

Продолжена вонредната состојба во Токио поради Ковид-19

Продолжена вонредната состојба во Токио поради Ковид-19

Јапонската влада денес ја продолжи вонредната состојба во областа Токио за две недели во обид да се справи со „Ковид-19“, за што премиерот Јошихиде Суга и се извини на нацијата.

Вонредната состојба треба да заврши на 7 март, но четири и пол месеци пред Токио да биде домаќин на Олимписките игри, Суга рече дека има потреба од претпазливост поради заканата од нови соеви на коронавирусот и можноста од зголемување на бројот на нови случаи од коронавирусот, пишува Ројтерс.

„Искрено ми е жал што не успеав да ја укинам вонредната состојба, како што ветивме претходно, до 7 март. Се извинувам од дното на моето срце“, рече Суга .

Како дел од вонредната состојба во Токио и трите околни префектури, владата побара затворање на рестораните и баровите до 20 часот и да престанат да служат алкохол еден час порано.

Од граѓаните се очекува да останат дома по 20 часот, освен ако немаат суштинска причина да излезат надвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија планира брзо проширување на бункерите поради страв од руски напад

Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици

Во Британија оваа пролет е најтолпа и најсушна во последните 50 години