Утрински Весник
Свет

На Словенија и се заканува нов бран од пандемијата со Ковид-19

На Словенија и се заканува нов бран  од пандемијата со Ковид-19

И покрај тоа што дозволи работа на средните училишта и најави полабава работа на угостителите, владатa во Словенија предупредува дека епидемијата се влошува.

Една година по првиот потврден случај од Ковид-19, на земјата и се заканува нов бран, особено поради новите варијанти, соопштуваат надлежните.

„Нашите криви растат, можеби се соочуваме со нов бран епидемии“, рече Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје.

Тој изрази посебна загриженост за ширењето на британскиот сој на коронавирус, што веќе е потврден во Словенија и е доминантен во некои европски земји, како што е Чешка, и Италија.

Владата во оваа земја објави дека 881 нов случај на заразени со коронавируас се потврдени во последните 24 часа, со предупредување дека бројот на потврдени инфекции на ден повторно се зголемува.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Над 400 милиони низ светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе