Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германски лекари: Повеќе од 90 проценти од најтешко болните од коронавирус се мигранти

Германски лекари: Повеќе од 90 проценти од најтешко болните од коронавирус се мигранти
300x250 opst2

Повеќе од 90 проценти од пациентите со најтешки форми на Ковид-19 во Германија потекнуваат од мигрантското милје, изјави познатиот германски пулмолог Томас Вошар.

Томас Вошар, пулмолог, раководител на Клиниката за белодробни заболувања во Морс и претседател на Германското здружение на пулмолозите, на експертската конференција рече дека истражувањето покажало оти најболни се пациентите што имаат комуникациска бариера во Германија, пренесува германски „Билд“.

Вошар додаде дека за тоа ги предупредил канцеларката Ангела Меркел и министерот за здравство, Јенс Шпан.

Тој вели дека предупредувањата на германската влада за опасноста од вирусот не допираат до мигрантските заедници.

„Според мојата анализа, повеќе од 90 проценти од интубираните, најсериозно болни пациенти, доаѓаат од мигрантското милје“, рече Вошар.

Шефот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, рече дека тоа е табу-тема и додаде дека меѓу пациентите на интензивна нега поради коронавирусот, дури 50 проценти биле муслимани, иако тие сочинуваат само 4,8 проценти од населението во Германија.

Вилер ги повика германските власти да се обидат да допрат до мигрантите.

„Во нашата земја постојат паралелни општества. Тоа можете да го поправите само со работа на терен, на пример, преку имами во џамии, но не успеваме“, додаде Вилер.

Според „Билд“, оваа тема е табу во Германија бидејќи владата стравува оти може да предизвика расна дебата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин