Утрински Весник
Македонија

Познат идентитетот на убиените во Топанско поле

„Југо“ удри во бетонска ограда и се преврте во Ѓорче Петров, тројца повредени

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско поле. Како што се наведува убиени се лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје.

Убиството на двете млади момчиња се случи доцна ноќеска на бул.„Македонско – Косовска бригада“.

„ По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“ соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со претставници на „Македонија 2025“

Уапсено лицето кое ја нападна бугарската амбасада во Скопје

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б