Утрински Весник
Свет

Молдавија прва во Европа доби вакцини од Ковакс

Молдавија прва во Европа доби вакцини од Ковакс

Молдавија е прва европска земја што прими вакцини против коронавирус од глобалната програма Ковакс, објави претседателката Маја Санду.

Таа на „Твитер“ напиша дека првата транша од 14.000 дози вакцини пристигнала во Молдавија синоќа, пренесува „Ројтерс“.

Во Молдавија имунизацијата започна пред три дена со вакцините на „Астра зенека“, донирани од Романија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран се заканува: „Оваа војна е сè или ништо“

Трамп размислува за напади врз Мали

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп