Утрински Весник
Македонија

Скопјанец обвинет за кражба на паричник

Приведен 23-годишник кој ограбил малолетник во населба Тафталиџе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 36-годишен скопјанец за кривично дело – Кражба.

Обвинетиот вчера на автобуска станица на булеварот „Крсте Мисирков“ одзел паричник од ташната на една оштетена. Во паричникот имало пари, документи, картички и други предмети, во вкупна вредност од 8.870 денари.

Бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетиот кој и претходно е осудуван за истородни кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за определување мерка притвор, со цел да се обезбеди непречено одвивање на кривичната постапка против обвинетото лице.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пијани малолетници во локал во Карпош, еден заврши на Токсикологија, осум лица приведени

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани