Утрински Весник
Свет

Во Јужна Африка запленета голема количина на фалсификувани вакцини против Ковид-19

Во Јужна Африка запленета голема количина на фалсификувани вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на вакцини, соопшти во Интерпол, предупредувајќи дека ова е само врвот на ледениот брег.

„Јужноафриканските власти запленија стотици дози на фалсификувани вакцини против Ковид-19 по дојавата на Интерпол со предупредување дека вакцините се омилена цел на криминалните мрежи“, додава меѓународната организација за полициска соработка со седиште во Лион.

Тројца кинески државјани и еден Замбиец се уапсени во акцијата, спроведена во Гермистон, во провинцијата Гаутенг, каде што е откриена и голема количина фалсификувани маски.

Интерпол исто така интервенирал и во Кина, каде полицијата открила мрежа за продажба на лажни вакцини против Ковид-19 и упаднала во производствен погон, приведувајќи 80 осомничени и запленувајќи над 3.000 дози лажни вакцини.

„Иако сме задоволни од овој исход, ова е само врвот на ледениот брег што се однесува до криминалот поврзан со вакцини против Ковид-19“, рече генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток.

Интерпол повторно предупредува дека неовластените вакцини кои се продаваат онлајн или се рекламираат по интернет-страници за продажба не се легитимни или тестирани и можат да бидат погубни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците

Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје