Утрински Весник
Политички Партии

Николовски до градоначалниците од СДСМ: Да се спречи секое коруптивно дејствување во општините

Николовски до градоначалниците од СДСМ: Да се спречи секое коруптивно дејствување во општините

 

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва одржал работен состанок со градоначалниците од редовите на СДСМ.

Како што информираат од владејачката партија, Николовски на средбата зборувал за усвоениот акциски план за борба против корупција донесен од страна на Владата.

„Ова е дел од политиките и решителноста на СДСМ да се успее во борбата против ова зло кое со децении беше натоложено во општеството“, им порачал Николовски на градолначаниците.

Генералниот секретар нагласил и дека 2021 е важна не само за тоа што следуваат локални избори наесен, туку и поради фактот што токму оваа година е година на рестарт на економијата и стопанството.

„Затоа е од клучно значење да има што поголема реализација на капитални проекти како на централно, така и на локално ниво“, посочил Николовски, додавајќи дека довербата на граѓаните во СДСМ е голема, а партијата е фаворит на локалните избори.

Тој се осврнал и на мерит системот на функционирање на партијата преку кој се мониторира и оценува работата на сите функционери на СДСМ, а истовремено ја потенцирал и важноста на владиниот план за борба против корупцијата.

„Ред, правда и дисциплина се приоритетите од кои се води СДСМ како одговорна, државничка партија. Тоа треба да го практикува секој од нас како на централно, така и на локално ниво. Како носители на локалната власт и довербата што ви е дадена од граѓаните очекувам активно да се вклучите во оваа заедничка борба, да дадете свој конкретен придонес во спречувањето на коруптивното дејствување на локално ниво, во органите на локалната самоуправа“, порачал Николовски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт