Словачка од вечерва ќе воведе полициски час, изјави министерот за здравство Марек Крајчи.
Според владината одлука, на Словаците нема да им биде дозволено да ја напуштат куќата од 20 часот до 5 часот наутро.
На луѓето им се препорачува да останат дома, исклучок е доколку треба да одат на лекар, на работа или на прошетка за рекреација или со кучиња. Полицискиот час ќе биде задолжителен до 19 март и може да биде продолжен, известуваат од владата на Словачка.
Земјата со 5,4 милиони жители во последните две недели има пријавено просечно 24 смртни случаи на 100.000 жители, јавуваат светските агенции.
„Високата стапка на смртност се должи на многу фактори, Словачка направи голем број грешки “, рече претседателот на медицинскиот синдикат Питер Висолајски.
„Карантинот беше воведен предоцна и не беше доволно набљудуван. Покрај тоа, стапката на смртност е последица на општо лошата здравствена состојба во Словачка”, рече Висолајски.
Според него, наместо да се воведуваат нови ограничувања, подобро е да се применат постојните за да се намали бројот на заразени лица.