Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

САД ги потврдија царините за увоз на алуминиум од 18 земји

САД ги потврдија царините за увоз на алуминиум од 18 земји
Img 7972

Министерството за трговија на САД со конечна одлука потврди наметнување на антидампинг царини кои се движат од 4,83 до 242,8 проценти за увоз на алуминиумски лимови од 18 земји.

Кабинетот на поранешниот претседател Доналд Трамп март минатата година започна истрага за царините на алуминиумските лимови, а во октомври прелиминарно одлучи да воведе тарифи за увоз од 18 земји. Мерката ги вклучува Хрватска, Словенија, Србија, Германија, Италија, Шпанија, Романија, Грција, Турција, Индија, Јужна Кореја, Тајван, Индонезија, Египет, Оман, Јужна Африка и Бахреин.

Министерството за трговија со конечна одлука вчера го потврди воведувањето на царински давачки. Највисоките тарифи се воведени на Германија, кои се движеа од 49,4 на 242,8 проценти и беа малку намалени во споредба со одлуката во октомври. Германија е на првото место според вредноста на извозот на алуминиум во САД, со 286,6 милиони долари во 2019 година.

Бахреин е на второ место според вредноста на извозот од 241,2 милиони американски долари, со антидампинг давачки од 4,83 проценти и давачки против субвенции од 6,44 проценти.

Најниски царини за увоз ќе плаќа Турција, 2,02 проценти.

Даноците се надоврзуваат на тарифите од 10 проценти воведени од кабинетот на Трамп според Законот за национална безбедност, потсетува „Ројтерс“. Конечната одлука за тарифите беше донесена само неколку часа откако Сенатот со големо мнозинство го потврди изборот на Џина Раимондо за нов министер за трговија. За неа гласаа 84 сенатори и сенаторки, а 15 беа против.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа