Утрински Весник
Свет

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“. Хрватската страна подготви документација за договорот.

Руската амбасада во Република Хрватска ги објави преговорите вчера, наведувајќи, меѓу другото, дека на „ 2 март 2021 година се одржа телефонски разговор помеѓу рускиот амбасадор во Хрватска Андреј Нестеренко и министерот за здравство Вилија Берош, во кој беше потврдено дека хрватската страна е заинтересирана за набавка на потребната количина вакцина „спутник В“, во согласност со сите прописи на ЕУ и хрватските закони.

Додека Хрватска преговара за дистрибуција и регистрација на руската вакцина, Австрија и Данска потпишуваат договор со Израел за набавка на вакцини против Ковид-19, Словачка ги добива првите испораки на руската вакцина, полскиот претседател е во контакт со Кинескиот претседател за кинеската вакцина.

Дали концептот на заедничка европска набавка е пред колапс. Европската комисија вчера тврдеше дека не е, дека сите овие потези се комплементарни и не се насочени против заедничката европска стратегија за вакцинирање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд