Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

Двајца велосипедисти тешко повредени по судир на кеј на Вардар

Еден човек е тешко повреден откако синоќа возејќи велосипед се судрил со автомобил на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило „пежо 308“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(26) од Скопје и велосипед, управуван од Ш.А.(73) од Скопје.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Грк се обидел да влезе во Македонија со лажна кипарска дозвола

Вработен во банка во Велес украл 4.000 евра од туѓа сметка

Тешка сообраќајка попладнево, едно лице загина на патот Виница – Кочани