Утрински Весник
Свет

ЕК разгледува итно одобрување на вакцини против Ковид-19

ЕК разгледува итно одобрување на вакцини против Ковид-19

Европската комисија објави дека разгледува итно одобрување на вакцините против Ковид-19 како побрза алтернатива на сегашните строги услови што се применуваат при одобрување на вакцините, пренесува Ројтерс.

„ Подготвени сме да разговараме со земјите-членки за сите можни начини за навистина да го забрзаме одобрувањето на вакцините“, рече портпаролот на Комисијата на прес-конференција.

Промената во тактиката може да дојде откако земјите од Источна Европа, вклучително Унгарија, Словачка и Чешка, одобрија руски и кинески вакцини со итни постапки на национално ниво. Нов чекор во ЕУ би значел голем пресврт во одобрувањето на вакцините, бидејќи тоа вклучува процедура што Унијата ја смета за опасна, а пред пандемијата на Ковида-19 да биде резервирана само за исклучително национално одобрување на лекови за неизлечиво болни пациенти, вклучително и третман на рак.

Потенцијалните промени доаѓаат во време кога ЕК и Европската агенција за лекови се под зголемен притисок поради побавното одобрување на вакцините, што придонесе за побавно воведување на вакцини во Унијата, во споредба со САД и поранешната членка на ЕУ, Велика Британија.

Една можност може да биде „итно овластување за вакцини на ниво на ЕУ со заедничка одговорност меѓу земјите-членки“, рече официјален претставник на Европската комисија, истакнувајќи дека процесот може да започне многу брзо доколку владите на ЕУ ја поддржат идејата.

Сè уште не е познато дали постапката за одобрување вонредна состојба во цела ЕУ, доколку е договорена, ќе имплицира на истите услови како и одобренијата за итни случаи издадени на национално ниво, изјави портпаролот на ЕК за Ројтерс.

Европската агенција за лекови (ЕМА) не може да издаде одобренија за итни случаи за вакцини во моментот, потсетува британската агенција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија