Утрински Весник
Свет

Австријците без можност за избор на вакцина

Австријците без можност за избор на вакцина

Скептицизмот во врска со вакцината нa „Астра зенека“ во Австрија е голем и затоа се погласни се барањата на граѓаните за избор на вакцина со која ќе бидат имунизирани. Но, од Министерството за здравство велат дека нема можност за избор и дека граѓаните, без оглед на достапниот серум, треба да ја искористат можноста да се пријават за вакцинација, бидејќи сите одобрени вакцини се ефикасни.

„И покрај скептицизмот кон вакцината, нема да биде можно да се избере вакцината подолго време“, изјави Министерството за агенцијата АПА.

Според сегашната состојба, изборот на вакцина нема да биде можен уште многу месеци, бидејќи сè уште има недостиг на вакцини.

Оние кои не сакаат да се вакцинираат со „Астра зенека“, како што истакнува Министерството, не мора да го сторат тоа, тие можат да се пријават за друг термин, но тогаш не им се гарантира кога ќе се вакцинираат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп издаде наредба армијата да го нападне Иран во случај на обид за атентат врз него

Хамнеи изјави дека одмаздата за убиството на неговиот татко е „барање на нацијата и мора да се спроведе“

Маж прободен во лице за време на трката со бикови во Памплона