Утрински Весник
Македонија

Побаран притвор за тројца учесници во протестите за „Монструм“

Побаран притвор за тројца учесници во протестите за „Монструм“
Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување мерка притвор за трoјца учесници во протестот за пресудата за случајот „Монструм“ што се одржа во петокот, а на кој беа повредени 11 полицајци.

„Осомничените, од кои двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, на 26 февруари учествувале на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“. Притоа тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да избегаат или да го повторат делото, јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Претходно за истиот настан Основното јавно обвинителство Скопје веќе поведе постапка за двајца други учесници во протестите.​

Сите се осомничени за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат