Утрински Весник
Свет

Словачкиот министер ја одобри употребата на руската вакцина

Словачкиот министер ја одобри употребата на руската вакцина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Словачкиот министер за здравство Марек Крајчи ја одобри употребата на руската вакцина „спутник В“ за борба против коронавирусот, објави ресорното министерство на својата веб-страница и потенцира дека употребата на вакцината е дозволена до крајот на август.

Вакцината ќе се користи во Словачка во согласност со статусот на исклучок, кој и го додели Министерството за здравство како нерегистриран лек.

Луѓето кои се заинтересирани да се вакцинираат со „спутник В“ ќе мора да дадат писмена согласност за да потврдат дека се свесни за фактот дека Европската агенција за лекови засега не ја одобрила оваа вакцина, пренесува ТАСР.

Вакцинацијата ќе се одвива на доброволна основа и нема да биде ограничена од возраста на примателот. Крајчи истакна дека „спутник В“ е веќе регистриран во одреден број земји.

Словачкиот премиер Игор Матович во понеделникот објави дека Словачка ќе нарача два милиони дози од руската вакцина „спутник В“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екстремистички напад ја парализира енергетската мрежа во Берлин

Гренландскиот премиер остро реагира на заканите на Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд

Десет лица осудени за онлајн малтретирање на првата дама на Франција, Брижит Макрон