Утрински Весник
Свет

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смеат да стојат на едно место на главните шеталишта во градот и по течението на Рајна. Политичкиот магазин „Шпигел“ пишува за оваа мерка, која ќе важи до 14 март.

Додека илјадници луѓе, кои шетаа или седеа наоколу уживајќи на сонцето, преплавувајќи ги шеталиштата на Рајна во Диселдорф во текот на изминатиот сончев викенд, градската администрација, со оглед на неможноста да се усогласат правилата за физичко растојание, одлучи да не им дозволува на луѓето да се задржуваат на едно место, пренесува „Дојче веле“.

Забраната ќе остане на сила до средината на месецов. Изминатиот викенд, пешаците на Рајна, кои застанувале да се напијат кафе, јаделе нешто или седеле на околните тревници, преку мегафон биле предупредувани да продолжат понатаму.

„Шпигел“ го започнува својот извештај за оваа мерка на следниов начин: „Од разгласот на комбето на Службата за јавен ред (Ordnungsamt) одекнува строг машки глас кој вели: ‘Не задржувај се!’. Оваа служба, заедно со полицијата, ја следи усогласеноста со новото правило, чие непочитување претставува кршење на јавниот ред и мир. Со други зборови: ако седнете да јадете сладолед, ако едноставно застанете и уживате во погледот, ризикувате казна од 50 евра“.

Написот ја опишува состојбата од претходниот викенд и наведува дека бројни полицајци и вработени во Службата за јавен ред патролирале во „забранетата зона“ на градот. „Шпигел“ го цитира градоначалникот на Диселдорф, Стефан Келер (ЦДУ), дека овие мерки се важни за да им помогнат на луѓето подобро да се придржуваат до потребните правила за заштита од короната.

Магазинот пишува и дека еден граѓанин се обидел да ја спречи забраната со поднесување на итна тужба, но во петокот попладне (26 февруари), Управниот суд брзо ја отфрлил тужбата, со образложение дека здравјето на населението е поважно од приватните интереси на тужителот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција