Утрински Весник
Македонија

Тројца турски државјани обвинети за фалсификат ПЦР тестови

Tуристичките агенции најавија протест: „Ако државата не ни помогне, ќе мораме да ставиме катанци“

Против тројца државјани на Република Турција, поднесено е обвинение за фалсификување исправа, според Кривичниот законик, информираат од скопското јавно обвинителство.

Обвинетите, на пасошка контрола при излез од државата, на граничниот премин на меѓународниот аеродром Скопје, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од една лабораторија во Скопје.

Потврдите ги прикажувале како вистински, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведената лабораторија и дека не поседуваат серитфикат за негативен ПЦР тест.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лице од Струмичко уапсено поради марихуана

ВЛЕН: Нулта толеранција за насилството, нема компромиси кога е во прашање законот

Десет возачи уапсени поради безобѕирно управување со возило, меѓу нив возачи без возачка дозвола и под дејство на алкохол