Утрински Весник
Свет

Курц ја критикуваше Европската Агенција за лекови за вакцините

Курц ја критикуваше Европската Агенција за лекови за вакцините

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови, барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини за коронавирус, информираат тамошните медиуми.

„Не може во други земји вакцината да се одобрува побрзо отколку што тоа го прави Европската агенција“ рече Курц.

Како причина за критиката тој го наведува одобрението за вакцината од компанијата „Џонсон и Џонсон“ во САД.

„Европската агенција за лекови сега е поканета да ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“ што е можно побрзо, небирократски и во согласност со сите научни стандарди – нагласи Курц во изјавата.

Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи е потребна само една вакцина за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.

Покрај тоа, нагласува тој, вакцината има висок ефект против сериозни болести.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk