Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан ќе проговори за претстојнит развод во интервју кај Опра Винфри

Ким Кардашијан ќе проговори за претстојнит развод во интервју кај Опра Винфри

40-годишната реалити ѕвезда неодамна поднесе барање за развод од Канје Вест по релиси седум години брак, а додека парот сè уште не објавил изјава за нивниот статус на врска, Ким, наводно, сака да разговара на таа тема со славната интервјуистка Опра.

Анонимен извор изјави за весникот „Сан“ во неделата: „Ким се подготвува да направи големо интервју со Опра за да се отвори за причините за крај на бракот.“

„Таа чувствува дека треба да се соочи со јавноста и да биде отворена и искрена за тоа што навистина се случи меѓу неа и Канје и да ѝ се обрати на фабриката за гласини.“

„Таа си даде време и не сака да биде засенета од интервјуто со Меган Маркл, војвотката од Сасекс, но веќе го ипланира интервјуто и сака тоа да биде во два дела. Тоа најверојатно ќе се случи кога ќе се врзат сите лабави краеви на разводот.”

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Транзитниот Јупитер во Рак носи силен фокус на домот и емоциите вели Јанковска

Утрински навики што го регулираат шеќерот и енергијата

Вечерва во 21:00 нова епизода на „Планетите зборуваат“ со Наташа Јанковска