Утрински Весник
Македонија

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква.

До несреќата дошло кога излетал од патот автомобилот во кој се превезувала таа, заедно со уште една девојка, а го управувал И.А(38) од селото Облешево, Кочанско.

Другата сопатничка, која има 28 години се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин

Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот

Шок во јавно претпријатие: Директорот им земал пари од платите на 76 вработени