Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на вчерашниот протест

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на вчерашниот протест
Img 7972

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест за пресудата во случајот „Монструм“.

Тие се гонат за кривично дело – учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените се на возраст од 22 и 19 години, информираат од Обвинителство.

„По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“, велат од Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Откако Министерството за внатрешни работи ќе ги комплетира кривичните пријави и за други лица кои извршиле насилнички дејствија за време на протестот, Основното јавно обвинителство Скопје и за нив ќе поведе кривична постапка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Поради сообраќајка прекинат сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес

Родителите на загинатите од Кочани не можат да поверуваат дека судењето би траело до 15 години