Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Роџер Федерер, преку социјалните мрежи прати порака дека, конечно, е подготвен за враќање во акција најавувајќи дека одбројувањето до Доха почна.
Катар опен оваа сезона се одржува во втората недела од март наместо на почетокот на сезоната и тоа ќе биде одлична локација за Федерер да тргне на четвртата титула од турнирот во својот прв настап од Австралија опен минатата сезона по што беше на операција на коленото и ја направи надолгата пауза во својата кариера.
Федерер имаше операции во февруари и мај по што реши да го пропушти остатокот од сезоната. Тој почна со тренинзи во октомври пред да се пресели во Дубаи во својот зимски дом во декември со својот тренер Иван Љубичиќ. Сепак, тој не успеа да игра на Австралија опен пропуштајќи го гренд слемот во Мелбурн првпат од 1999 година.
The countdown to Doha begins
???#1weektogo pic.twitter.com/EDAgvqp2Md— Roger Federer (@rogerfederer) February 26, 2021
> Федерер најави: Одбројувањето до Доха почна <