Утрински Весник
Спорт

ЕХФ додели поени за неодиграните мечеви, за Вардар три поени

ЕХФ додели поени за неодиграните мечеви, за Вардар три поени
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) се обиде да го среди „хаосот“ околу неодиграните мечеви во Лигата на шампионите, правејќи сопствена одлука за тоа како би завршил секој меч и кој тим би ги добил поените.

Вардар доби еден поен од мечот кој требаше да се игра на гости кај Пари Сен-Жермен, и два поени од гостувањето која Флензбург, додека третиот неодигран меч, тој на домашен терен против ПСЖ беше доделен на францускиот тим.

Screenshot

Во образложението на ЕХФ се вели дека при носење на одлуките била направена врз база на тоа која била причината за одложувањето на средбите.

Со оваа одлука на ЕХФ, Вардар сега има девет поени и останува уште мечот против Мешков Брест на 4 март во Скопје. Потоа, сите тимови во натпреварите по групи ќе одат во осминафинале.

> ЕХФ додели поени за неодиграните мечеви, за Вардар три поени <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори