Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојаноска: Правдата за Мијалков донесена под притисок на јавноста

(Видео) Стојаноска: Правдата за Мијалков донесена под притисок на јавноста

Осврнувајќи се на денешната пресуда за Сашо Мијалков, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека „го поздравуваат секој чин што значи спроведување на правда, вклучително и оваа пресуда“.

„Лошо е што поради криминалите на Мијалков во затвор заглавуваат и луѓе кои се колатерална штета. Ова е пресуда донесена под жесток притисок на јавноста, опозицијата и меѓународниот фактор. Тоа е и причината поради која навидум пропадна првата фаза од договорот Заев – Мијалков со кој удрија шамар на правдата, иако постојат индиции дека можно е апелациониот суд да одлучи и поинаку каде Заев е познато дека има силно влијание. Таа жалбена постапка ќе трае околу една ипол година“, изјави Дафина Стојаноска.

Според неа, оваа одлука околу која како што рече „власта крева еуфорија е со цел да се прикријат задкулисните договори“, и додаде дека е „чесно да се каже дека таа не е сеуште правосилна“.

Стојаноска истакна дека на осудениот Мијалков му беа овозможени услови какви што немаше ниту еден друг бегалец од правдата.

„Потсетуваме дека е потребно дополнително сериозно да се разгледаат прекршувањата на постапката. Како лице со меѓународна потерница на осуден криминалец му беше доделен куќен притвор. Какви договори и повластувања има зад сето ова. А, за кои најдобро може да сведочи Заев“, рече Стојаноска.

Додаде дека правда мора да има.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово