Утрински Весник
Свет

Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна

Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна

Водечкиот американски експерт за заразни болести д-р Ентони Фаучи изјави дека треба да се прими каква било вакцина против коронавирус што е достапна, без оглед за која станува збор.

Тој за телевизијата „Ен-би-ес“ изјави дека фактот дека и трета вакцина против Ковид-19 ќе биде достапна во САД е само добра вест и дека ќе помогне во контролата на пандемијата. Регулаторното тело на САД вчера објави дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која се дава во единечна доза, обезбедува силна заштита од тешката форма на Ковид-19.Се очекува наскоро Американската администрација за лекови (ФДА) да ја одобри.

Фаучи ги предупреди луѓето да не го одолговлекуваат примањето на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за да чекаат да ја добијат малку поефикасните вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“. Тој рече дека тоа е трка помеѓу вирусот и давањето вакцина на луѓето и дека колку подолго чекате со вакцинацијата, толку е поголема можноста вирусот да развие нова варијанта или мутација.

Американскиот експерт рече дека службениците во јавното здравство се загрижени поради мутациите на вирусот и ја потенцираше важноста од спроведување мерки како што се носење маски и социјално дистанцирање. Најчестиот мутиран вид на коронавирус што се јавува во САД е британскиот. Фаучи рече дека вакцините што се дистрибуираат во САД можат јасно да го сузбијат тој вид.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран

САД потрошиле над 11 милијарди долари за првите шест дена од војната